Достапни линкови

Во Техеран разговори за крај на војната во Сирија


Шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем

Шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем

Шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем пристигна во Техеран на разговори со претставници на Иран и на Русија за ставање крај на четиригодишната војна во Сирија. Тој најпрвин треба да се сретне со Михаил Богданов, специјален пратеник за Блискиот Исток на претседателот Владимир Путин, по што ќе разговара и со шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф. Иран и Русија го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Од друга страна Соединетите држави и сојузниците во Персискиот залив се на став дека Асад мора да замине од функцијата.

XS
SM
MD
LG