Достапни линкови

logo-print

Ден на жалост во Тетово за настраданите во поплавите


Денеска во Тетово е ден на жалост за настраданите во поплавите што во понеделникот зафатија делови на територијата на таа општина. Владата на Македонија на вонредната седница донесе неколку одлуки за помош на погоденото население од поплавите во кои имаше четири човечки жртви, а десетици луѓе беа повредени. Според проценките невремето остави и огромна материјална штета. „Првичната оценка е дека се оштетени над 200 објекти“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања, кој е во составот на координативното тело за следење на состојбата. Владата реши на граѓаните чии домови настрадаа во поплавите да им се достави храна, вода и лекови, а ќе има и еднократна парична и дополнителна помош за санација на штетите од невремето.

XS
SM
MD
LG