Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степен, а дневната од 30 до 37 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

XS
SM
MD
LG