Достапни линкови

Охрид рекордер по иселеници


Според официјалните податоци од Охрид во 2014 година се иселиле вкупно 643 лица од кои 375 заминале во странство. Неофицијаните бројки се поалармантни, а тие се дека во Охрид од град со 50.000 жители сега во него живеат околу 26.000 луѓе.

Според најновата публикација на Државниот завод за статистика„Миграции 2014“ Охрид останува еден од водечките градови во Македонија, после Скопје, по бројот на иселувања од земјава. Според официјалните податоци од Охрид во 2014 година се иселиле вкупно 643 лица од кои 375 заминале во странство. Ова се официјални бројки, но неофицијаните за кои охриѓани постојано зборуваат се уште поалармантни, а тие се дека во Охрид од град со 50.000 жители сега во него живеат околу 26.000 луѓе.

Луѓето тешко наоѓаат работа и бараат чаре да се иселуваат странство на друго место. Животот е многу скап имаме проблеми со политиката и луѓето се стално под притисок на партиите или си со мене или си против мене. Ова не може повеќе да го истрпат.

Јован Стојаноски советник од СДСМ вели дека кога луѓе се иселуваат од еден град тоа е индикатор за лоша економска ситуација

„Иселувањето е еден квантитативен показател за тоа каква е ситуацијата во Охрид и во оваа држава. Никој не би се иселувал од ова место ако е се добро и ако има и економски и социјални и културни и останати услови за живеење. За жал власта на ВМРО-ДПМНЕ која и на централно и на локално ниво очигледно дека ништо не презема да го спречи иселувањето од овој прекрасен град“, вели Стојаноски.

Освен 70 вработувања во ОДВ Електрик, ништо друго се нема случено во изминатите десет години во Охрид вели Стојаноски.

„Се надевам дека со она што го правиме во Охрид со големите странски инвестиции кои се реализираат, како што се ОДВ Електрик и Костал, ќе се придонесе да се спречи одливот“, вели пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вработувањата знаеме како се одвиваат, знаеме кој е најголем работодавач. Во Струга имаме едно чудно луѓе магистранти, докторанти кои се по Европа, Америка, Канада. Знам многу од нив кои заминале особено оние со високи титули. И син ми работи низ Европа.

И Струга е помеѓу водечките градови во државата по бројот на иселувања. Од таму минатата година официјално заминале 353 лица. Градоначалникот, Зијадин Села причините ги лоцира во лошата економска политика.

„Ова се прави поради дискриминаторските политики кои имаат цел блокада на развојот на една зона и развојот на другите зони. Недостаток на отворање на нови работни места праватзаминување и гледање на перспектива надвор од земјава“, вели Села.

Стружани велат дека Струга е целосно запоставена и оти граѓаните најмногу заминуваат во Швајцарија и Германија.

„Луѓето тешко наоѓаат работа и бараат чаре да се иселуваат странство на друго место. Животот е многу скап имаме проблеми со политиката и луѓето се стално под притисок на партиите или си со мене или си против мене. Ова не може повеќе да го истрпат, вели еден стружанец.

„Вработувањата знаеме како се одвиваат, знаеме кој е најголем работодавач. Во Струга имаме едно чудно луѓе магистранти, докторанти кои се по Европа, Америка, Канада. Знам многу од нив кои заминале особено оние со високи титули. И син ми работи низ Европа“, рече еден стружанец.

XS
SM
MD
LG