Достапни линкови

Оптимизам за конечен договор меѓу ЕУ и Грција


Грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Финансиските експерти на грчката Влада искажаа оптимизам за постигнување конечен договор со меѓународните кредитори на земјата до 18 август, за новиот договор за заем да може да биде потпишан до 20 август. Според извори од Владата, не постојат очигледни проблеми кои би го блокирале договорот, иако имало приговори од некои функционери за прашања поврзани со намалувањата на пензиите. Разговорите се фокусирани на приоритетните акции и реформи и на други прашања кои се потребни за да се постигне договор, додека останатите ќе се одложат за октомври, за да изврши потребното планирање.

XS
SM
MD
LG