Достапни линкови

logo-print

Стандард и Пурс: Можно намалување на рејтингот на ЕУ


Стандард и Пурс ги сменија изгледите за Европската унија од стабилни во негативни, по поддршката што европскиот блок и ја даде на Грција и одлуката на Британија да гласа за напуштање на ЕУ. Рејтинг агенцијата на Волстрит вчера рече дека би можел да се намали рејтингот на ЕУ, сега на речиси АА+, во следните две години. „Повторната употреба на состојбата на билансот на ЕУ за да се обезбеди финансирање со повисок ризик на замјите членки на ЕУ, вклучително и Грција, е една од причините за потемните изгледи, соопшти Стандард и Пурс. Агенцијата соопшти дека европскиот блок е изложен на загуби од грчкиот долг, при овозможувањето на гаранции за првите загуби за кредитирањето под т.н. економска програма за стимулирање на Јункер.

XS
SM
MD
LG