Достапни линкови

logo-print

Руската политичарка Гајдар доби украинско државанство


Руската политичарка Марија Гајдар, која на средината на јули беше назначена за заменик гувернер на украинскиот регион Одеса, доби украинско државјанство. Претседателската прес служба на Украина денеска соопшти дека претседателот Петро Порошенко потпишал декрет за доделување на државјанството на Гајдар. Порошенко исто така му додели пасош на поранешниот главен уредник на Форбс, Владимир Федорин, кој исто така живее во Одеса. 32-годишната Гаидар е керка на поранешниот покоен реформистички премиер на Русија, Јегор Гајдар под претседателот Борис Елцин во 90-тите години. Таа е гласен критичар на наследникот Елцин, претседателот Владимир Путин. Владата на Порошенко назначи неколку странци на државни функции, по антивладините протести коишто го соборија прорускиот претседател Виктор Јанукович во февруари 2014 година.

XS
SM
MD
LG