Достапни линкови

Растечка криза во раководството на Талибанците


 Мула Мохамед Омар.

Мула Мохамед Омар.

Висок официјален претставник на Талибанците најави оставка во момент кога авганистанската милитантна организација се соочува со растечка криза во раководството. Во денешното соопштение се вели дека Сајед Мохамед Тајаб Ага се откажува од функцијата директор на Талибанската политичка канцеларија, во катарскиот главен град Доха. Бирото беше формирано за да се овозможи Талибанците да одржат мировни преговори со авганистанската Влада. Ага рече дека смета оти одлуката да се држи во тајност смртта од 2013 година на талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар, е „историска грешка од страна на засегнатите лица.“ Талибанците минатата недела потврдија дека Мула Омар е мртов. Најавата дека долгогодишниот заменик на Омар, Мула Мохамед Актар Мансур ќе биде нов лидер, предизвика незадоволствов кај многу високи претставници на Талибанците и беше осудена од страна на братот на Омар.

XS
SM
MD
LG