Достапни линкови

Претставничкиот дом на САД против нуклеарниот договор


Мнозинството во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаа за нацрт текстот со кој се отфрла нуклеарниот договор што на 14 минатиот месец го постигнаа шесте светски сили и Иран. Републиканецот Питер Роскман изјави дека 218 од 434 пратеници гласале против иранскиот договор. Во Претставничкиот дом републиканците имаат мнозинство, односно 246 пратеници, од кои 218 гласале против. За сега се уште не е познато дали овој број гласови ќе биде доволен да не се одобри резолуција за прифаќање на нуклеарниот договор со Иран. За таа резолуција треба да гласа и Сенатот.

XS
SM
MD
LG