Достапни линкови

Црвената лената пресечена, но сувенирница во Прилеп не работи


Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, пред неколку дена пресече црвена лента на продавница за сувенири во Прилеп, но од денот на отворањето таа на работи.

Сувенирницита што Министерството за култура и прилепскиот Завод и музеј ја отворија во центарот на Прилеп на 25-ти минатиот месец, не работи. Од денот на свеченото отворање, во строгиот центар на Прилеп, објектот има катанец на вратата. Ниту случајните минувачи кои често се обидуваат, ниту младите странци кои минуваа низ Прилеп, а сакаат да купат еден сувенир, ниту кој било од посетителите на најмасовниот, како што го најави локалната самоуправа Пивофест, не можеа да понесат сувенир.

Веќе од сабајле почнале да купуваат туристите што значи интерес голем постои.

А, директорката на прилепскиот Завод и Музеј, под чија надлежност е објектот, на денот на свеченото отворање, вети дека сувенирницата ќе работи двократно.

„Веќе од сабајле почнале да купуваат туристите што значи интерес голем постои. Работното време на самата сувенирница ќе биде двократно ќе работи до 19 часот навечер, така да ќе имаат можност сите да ја посетат и да купат свој сувенир како спомен од град Прилеп“, вети директорката, Гордана Данилоска Спироска.

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, дури и пресече црвена лента.

Верувам дека со отворање на сувенирницата навистина ќе се даде можност за секој посетител и за секој турист и да се запознае и со голем број туристички, промотивен материјал, којшто е карактеристичен, да си купи некој вреден сувенир.

„Верувам дека со отворање на сувенирницата навистина ќе се даде можност за секој посетител и за секој турист и да се запознае и со голем број туристички, промотивен материјал, којшто е карактеристичен, да си купи некој вреден сувенир, којшто ќе го потсетува на Република Македонија и на градот Прилеп“, изјави министерката Канческа Милевска, на денот на свеченото отворање на сувенирницата.

Во настојувањето на добиеме одговор, зошто не работи објектот, од Министерството за култура добивме информација дека немаат ниту сознанија дека сувенирницата во Прилеп има катанец на вратата.

Последниот обид да ја исконтактираме директорката на Завод и Музеј, Данилоска Спироска,овој пат беше успешен. Таа објасни дека сувенирницата ќе почне со работа, кога ќе заврши постапката за пререгистрација на Завод и Музеј Прилеп, зашто е неопходна измена на статутот за вршење на трговска дејност. Управниот одбор рече таа, донел одлука, којашто сега чека да биде потврдена од Министерството, а потоа ќе следи постапка за набавка на фискална каса и пријавување во УЈП.

Според тоа остануваат две отворени прашања, зошто објектот бил отворен спротивно на законот, а потоа затворен и како Заводот ги пријави парите, од реализираниот промет на денот на отворањето, кога и министерката Канческа Милевска, купи сувенир од Прилеп?

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG