Достапни линкови

Кабул нема одделно да се справува со Талибанците


Авганистанскиот претседател, Ашрав Гани.

Авганистанскиот претседател, Ашрав Гани.

Авганистанската Влада вели дека нема да преговара со различни фракции на Талибанците во услови на растечка криза во лидерството во милитантната група. Во изјавата од кабинетот на претседателот Ашрав Гани, се вели дека нема да прифати никаква „паралелна политичка структура“ наспроти Владата на Авганистан. Мировните преговори меѓу Талибанците и авганистанската Влада прекинаа минатата недела, откако авганистанските власти објавија дека Мула Омар умрел во април 2013 година. Талибанците ја потврдија смртта на Омар и рекоа дека Мула Актар Мансур е избран да го замени. Роднините на Омар го оспорија назначувањето на Мансур, барајќи пошироко гласање во кое ќе бидат вклучени команданти од боиштата, во продолжението на нивниот 14 годишен бунт. Талибанците во последните неколку денови се обидуваат да го претстават својот обединет фронт со неколку изјави.

XS
SM
MD
LG