Достапни линкови

ЕУ ги укина санкциите за 24 лица од Белорусија


Министерството за надворешни работи на Белорусија соопшти дека одлуката на Европската унија да отстрани 24 функционери од својата листа на санкции е „чекор во вистинска насока“, кон подобри односи меѓу Минск и Брисел. Министерството денеска го повика Советот на Европската унија да ги тргне сите ограничувања и санкции кои се применети врз Белорусија, како „неопходен чекор да се стабилиизраат односите“, но се доадава дека Минск ќе ги продолжи разговорите со Брисел „за повеќе прашања од заеднички интерес.“ Многумина од 24-те лица кои се отстранети од листата на санкции на ЕУ, вклучително визните ограничувања и замрзнати имоти, се министри или поранешни министри во администрацијата на претседателот Александар Лукашенко, вклучително и неговата помошничка Наталија Петкевич.

XS
SM
MD
LG