Достапни линкови

logo-print

Русија создава вселенска војска


Илустрација.

Илустрација.

Русија спои неколку филијали од нејзината војска во Воздухопловните сили. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека одлуката нуди „оптимален начин на подобрување на системот на воздушна одбрана на земјата.“ Во новата филијала ќе бидат вклучени воздушните сили, воздушната и анти ракетна одбрана и сили во вселената. Шојгу рече дека идејата е поттикната поради зголемената важност на компонентите во воздухот и вселената во модерното војување. Претседателот Владимир Путин започна амбициозна програма за модернизација на рускиот воен арсенал. Коментаторите истакнуваат дека Кремљ е подготвен да и ја покаже на нацијата воената сила поради тензиите со Западот околу Украина.

XS
SM
MD
LG