Достапни линкови

Унгарија почна со изградба на оградата за запирање на мигрантите


Унгарија почна да гради ограда на границата со Србија, со цел да го запре протокот на мигранти кои се обидуваат да влезат во Европската унија. Во јужното село Ашотхалом, војници денеска користеа тешка механизација да донесат метални прачки и да ги започнат првите чекори во изградбата на оградата висока четири метри, која Владата сака да ја заврши до 31 август. Повеќе од 100 илјади мигранти во 2015 година влегоа во Унгарија преку патиштата низ Балканот. Околу 80 проценти од нив се од воените зони како Сирија, Ирак и Авганистан. Речиси сите бараат азил во Унгарија, но се обидуваат потоа да се преселат во другите земји во Европската унија како Германија, Шведска или Велика Британија, пред да бидат решени нивните барања.

XS
SM
MD
LG