Достапни линкови

Нападната канцеларија на пратеник во Харков


Михаил Добкин.

Михаил Добкин.

Најмалку 50 млади луѓе со качулки на главите ја нападнале поранешната канцеларија на Партијата на регионите во источниот украински град Харков. Канцеларијата моментално ја користи украинскиот пратеник Михаил Добкин, кој го претставува опозицискиот блок во Парламентот. Напаѓачите денеска уништиле минибус паркиран во близина на канцеларијата и со камења ги кршеле прозорците на канцеларијата. Напаѓачте рекле дека дека ја претставуваат украинската десна националистичка група „Десен сектор“ и организацијата наречена „Јавна гарда.“ Тие рекле дека се собрале да протестираат против учеството на опозицискиот блок на локалните избори во октомври и ја нападнале зградата откако луѓето на Добкин почнале да пукаат кон нив со огнено оружје, повредувајќи еден активист. Харков е втор град по големина во Украина и се наоѓа веднаш до границата со Русија.

XS
SM
MD
LG