Достапни линкови

Пад на рубљата во однос на еврото и доларот


Руската валута падна во однос на доларот и еврото на почетокот на денешното тргување, достигнувајќи ги стапките кои последен пат беа видени во март. Рубљата на московската берза денеска падна на 62.35 за еден долар и на 68.51 за едно евро. Ова е прв пат од 16 март рубљата да падне под нивото на 62 во однос на доларот. Истоа така и курсот на еврото во однос на рубљата не бил на ова ниво од почетокот на март. Слабеењето на рубљата се поврзува со пониските цени на нафтата.

XS
SM
MD
LG