Достапни линкови

Украински војници загинаа во борбите против сепаратистите


Украинската војска соопшти дека во изминатиот ден четири нејзини војници се убиени во судирите со проруските сепаратисти во источниот дел на Украина. Извештајот доаѓа неколку часа пред новите разговори за ставање крај на 15-месечниот бунт на сепаратистите. Портпаролот на војската Андриј Лушенко денеска изјави дека 15 други војници се повредени во последните 24 часа во борбите во линијата на фронтот во регионите Доњецк и Луганск. Украинските власти и претставниците на бунтовниците почнаа нови разговори во Минск заедно со преговарачите од Русија и ОБСЕ, чија цел е подобрување на условите за почитување на договорот за прекин на огнот потпишан во февруари. Повеќе од 6500 луѓе се убиени во борбите во источна Украина откако борбите започнаа во април 2014 година.

XS
SM
MD
LG