Достапни линкови

Голем пад на грчката берза


Берзата на Грција падна за речиси 23 проценти откако денеска беше повторно отворена, скоро шест недели по нејзиното исклучување. Главниот индекс на акциите на Атина го доживеаја својот најлош еднодневен перформанс, по само неколку минути тргување. Акциите во банкарските сектори, кои сочинуваат 20 проценти од акциите на главниот индекс, беа особено погодени со акциите на Националната банка на Грција, паѓајќи за околу 30 проценти. Тргувањето на грчката берза беше прекинато кон крајот на јуни, како дел од контролата на капиталот наматната за да се запре одливот на евра што беше закана за грчките банки ипоради ризикот земјата да биде принудена да ја напушти еврозоната.

XS
SM
MD
LG