Достапни линкови

Илинденските говори и буџетот најкоментирани


Како насила да беше славен големиот ни празник вчера, 2 Август, Илинден. Дури и традиционално полниот Мечкин камен остана празен кога говореше претседателот на државата, Иванов.

И Блаже Младеновски го дели овој впечаток, па на Фејсбук страната на РСЕ напишал: „Најмизерен Илинден досега. Криминалци говорат за идеали?! Готови сме. ВМРО нè крена, ДПМНЕ нè уништи!“ - пишува Блаже.

А кажаното од Груевски дека „Изградивме музеи и споменици за нашите херои“, Вера Дренковска го коментирала: „И сега нека јадат споменици наместо по контејнери?“

„Најмизерен Илинден досега. Криминалци говорат за идеали?! Готови сме. ВМРО нè крена, ДПМНЕ нè уништи!“

По нашата анализа на празничните говори на државниот врв, особено оние на премиерот, насловена како „Илинденска реторика - светла иднина и уште посветло минато“, Ванчо Дојранлиев, исто така на Фејсбук страницата постирал:

„Сет е за никаде, не знае што тропа... Живее во некој свој ретардиран свет и сите нè вовлече во него... “

Познавачи на нашиот судски систем сметаат дека ќе ни треба „Не само специјален обвинител, ќе треба и специјален суд?“, а Марија Јонческа постирала: „Мислите на специјална ќелија за злосторничко здружување и пљачкање на буџетските пари (народни). Е па, нека се направи во БАРОК стил за да не ги боли после главата оти не втасале и тоа да го направат“.

„Буџетски ребаланс во шпиц сезона, без опозиција“ е следната наша тема која предизвикала коментари на фановите на РСЕ на македонски на Фејсбук.

„Пратениците на опозицијата се изгласани за да ги претставуваат оние граѓани што ги гласале на избори, а не да седат дома и да земаат 60.000 ден. плата“.

Ванчо Дојранлиев тука постирал само еден збор: „МАФИЈАШИ“, но Константин Јанев го прашува „зошто опозицијата не е на своите работни места за кои зема по 60.000 ден. месечно скоро една година!“ и му лепи етикета дека е „душа партиски изгноена!“.

Би рекле на истата линија со Константин Јанев е и Владимир Стефановски: „Пратениците на опозицијата се изгласани за да ги претставуваат оние граѓани што ги гласале на избори, а не да седат дома и да земаат 60.000 ден. плата“.

А за тоа „Кој сè може да биде функционер“ во државата Република Македонија, Анонимен предлага тој што е избран за мандатар, подоцна претседател на Влада, со закон да не може да остане претседател на својата партија.

„Ова за да се посвети на работата на државата, а не да мисли на партијата од каде доаѓа!!!“ - коментирал Анонимен, очигледно помалку или повеќе поучен од досегашното наше искуство.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG