Достапни линкови

Нигериската армија ослободи заложници на Боко Харам


Нигериските власти соопштија дека војската ослободиле околу 180 луѓе кои биле во заложништво на терористичката исламистичка организација Боко Харам. Во денешното соопштение се наведува дека биле ослободени околу сто деца, 67 жени и 10 мажи и оти притоа бил заробен висок командант на Боко Харам. Оваа организација е активна во североисточниот дел на земјата веќе шест години. Таа бара создавање Исламска држава со шеријатски закони.

XS
SM
MD
LG