Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно со повремен дожд


Во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен и проследен со грмежи. Поголема нестабилност ќе има во северните и југозападните делови, каде локално се очекуваат грмежи, засилен ветер и врнежи од град. Утринската температура ќе биде од 15 до 22, а дневната од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 33 степени.

XS
SM
MD
LG