Достапни линкови

Нетанјаху:Нула толеранција за злосторствата од омраза


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети нула толеранција за злосторствата од омраза откако осомничени еврејски екстремисти убија палестинско дете и прободеа учесници на геј парада. Посветени сме на силна борба против феноментот на омраза, фанатизам и тероризам од која било страна рече Нетанјаху на денешниот состанок на неговиот кабинет во Ерусалим. Ултра ортодексен Евреин прободе шест учесници на парадата на гордоста што се одржа на 30 јули во Ерусалим. Неколку часа подоцна осомничени еврејски екстремисти нападнаа дом на Палестинци на Западниот брег при што загина 18 месечно дете, а членовите на семејството се во критична состојба.
Последните денови сме сведоци на презичарки злосторства рече Нетанјаху кој додаде дека нивната политика кон таквите злосторства е нула толеранција.

XS
SM
MD
LG