Достапни линкови

ПКК осомничени за самобиствен напад во Турција


Курдските милитанти се осомничени дека денеска убиле двајца турски војници а повредиле повеќе од 30 други во време на зголемени тензии поради турските воздушни напади на цели на Курдската работничка партија во северен Ирак. Бомбардирањето утринава во источната турска провинција Агри беше одбележано и со самоубиствен бомбашки напад од ПКК. Исто така денеска еден турски војник загина, а седум други беа повредени во напад на ПКК во југоисточната провинција Мардин. Анкара презема двонасочни офанзиви во северен Ирак против ПКК и Исламска држава во кои според извештаите досега се убиени околу 260 членови на ПКК. Турција тврди дека нивните воздушни напади се одговор на серијата убиства на полицијајци и војници од страна на ПКК, додека Курдската работничка партија пак тврди дека нападите се освета за наводната соработка меѓу ИД и Турција што довела до смрт на 30 курдски активисти во напад во Турција на 20 јули.

XS
SM
MD
LG