Достапни линкови

logo-print

Илинденски говори:Груевски и Иванов за тероризмот, Вељаноски за бомбите


Реформите, економскиот напредок, довербата во институциите, проблемот со мигрантите и заканите од тероризмот беа едни од главните теми во говорите на Груевски, Иванов и Вељаноски.

Пораки за реформите потребни за Европската унија, посебно за поглавјата 23 и 24, за справувањето со економските проблеми, за мигрантите и светската закана од тероризмот упати денеска премиерот Никола Груевски кој по повод Илинден зборуваше пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје.

“ Ако некој мисли дека оваа мигрантска криза е некаков бран кој ќе помине набрзо, се лаже. Ова е само почеток на еден вид нова голема преселба на народите, која допрва ќе добие замав. Засега добро се справуваме, но предизвиците ќе растат. Ќе бидат потребни дополнителни напори, мерки, и политики” рече Груевски.

Тие може да дојдат и во нашата улица, пред нашиот влез на зграда или куќа и да ги загрозат нашите животи и животите на нашите блиски. Не смееме да останеме пасивни на овие движења и мораме колку што е можно превентивно и активно да делуваме.

Тој додаде и дека заканите од тероризмот демнат над Македонија, како и над цела Европа. Неодамнешните настани во Куманово и повремените фрлања бомби или гранати, посочи Груевски се само потсетник дека ваквиот вид закани не е само некаде далеку од нас, во Франција, или во Белгија, во Норвешка или во Америка, во Ирак или во Сирија.

“ Тие може да дојдат и во нашата улица, пред нашиот влез на зграда или куќа и да ги загрозат нашите животи и животите на нашите блиски. Не смееме да останеме пасивни на овие движења и мораме колку што е можно превентивно и активно да делуваме” рече Груевски.

Во однос на актуелните разговори на работната група која треба да го реализира договореното од Пржино и информациите кои произлегоа дека се разговара за гласањето на иселениците, Груевски порача да не се потценувала дијаспората.

“Најновите притисоци кон нас за да се елиминираат гласовите на дијаспората ќе ја оддалечи оваа структура на луѓе од нас која и помага на Македонија. Барањето да се сведе работата на ниеден или само на еден пратеник од дијаспората ќе упати погрешен сигнал. Ако јас се прашувам, бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува” рече Груевски.

На 9 Mај, на Денот на Европа, вооружена група составена од криминалци и екстремисти, со намера да извршат терористички акти, се обиде да ја загрози безбедноста на државата. Се обидоа да ја доведат во прашање европската иднина на Македонија. Се обидоа да го разорат најскапоценото што го имаме, а тоа е нашиот македонски модел на соживот и на почитување на различноста.

И шефот на државата Ѓорге Иванов кој зборуваше во Крушево дел од говорот посвети на безбедноста, мигрантите и заканата од тероризмот.Toj побара реформи во одбраната и безбедноста додавајќи дека како претседател и како врховен командант бил вклучен во иницирањето реформи на службите. Според него неопходна е и дополнителна соработка меѓу овие важни институции, како и поголема транспарентност и цивилна контрола низ Собранието.

Иванов оцени дека инцидентот во Куманово бил обид да се загрози безбедноста на државата и соживотот во земјата.

“ На 9 Mај, на Денот на Европа, вооружена група составена од криминалци и екстремисти, со намера да извршат терористички акти, се обиде да ја загрози безбедноста на државата. Се обидоа да ја доведат во прашање европската иднина на Македонија. Се обидоа да го разорат најскапоценото што го имаме, а тоа е нашиот македонски модел на соживот и на почитување на различноста. За среќа, не успеаја во својата зла намера, оцени Иванов

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски кој претходно се обрати но меморајлниот центар во Пелинце повика насоработка и дијалог меѓу политичките партии и истакна оти верува дека до крајот на летото ќе се отвори нова демократска перспектива.

“ Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад за да се замаглат вистинските дела. Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад со кој ќе се прикријат субвенциите на земјоделците, километрите изграден автопат, новите работни места, инвестициите и сé друго што е позитивно. Сепак, важно е, исто така, јасно да се подвлече дека демократијата подразбира цврсти институции и постоење на правда. Дека постојат закони кои се почитуваат од сите. Затоа да најдеме основа за соработка во кризата која се создаде” наведе Вељаноски.

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев пак денеска беше во Пелинце, а преку писмено соопштение порача да се насочиме кон надминување на предизвиците, а партиски делагеции положија цвеќе на различни локации на кои се чествува Илинден.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG