Достапни линкови

Протести во Израел против злосторствата од омраза


Неколку илјади Израелци излегоа на улиците доцна вчера во знак на протест против злосторствата и насилствата од омраза по нападите од израелските екстремисти врз Палестинците и хомосексуалците. На 30 јули во Ерусалим ултра-ортодоксен Евреин избоде шест учесници на Парадата на гордоста. Неколку часа подоцна осомничени еврејски азиланти запалија дом на Палестинци на Западниот брег при што загина 18 месечно дете и сериозно беа повредени неговите мајка и татко и четири годишен брат. Околу 2000 луѓе, меѓу кои и роднина на загинатото дете учествуваа на протестот во Тел Авив организиран од организацијата Мир сега. Помали протести беа организирани и во други градови низ Израел.

XS
SM
MD
LG