Достапни линкови

Талибанците објавија наводна порака од основачот на Хагани


Авганистанските талибанци објавија писмено соопштение во кое наводно се цитира Џалулудин Хагани и се отфрлаат наводите дека основачаот на групата Хагани е мртов. Во соопштението објавено на интернет страницата на Талибанците денеска се цитира изјава на Хагани во која тој изразува жалење за смртта на талибанскиот лидер Мула Омрар кој починал во 2013 година а неговата смрт беше потврдена минатата недела. Тој исто така му дава поддршка на Мула Актар Мансур кој е избран за наследник на Омар и им порачува на талибанските борци да имаат единство и дисплина. Талибанците објавија дека Мансур е избран за наследник на Омар но некои талибански команданти му дадоа поддршка на синот на Омар Јакуб. Повеќе кредибилни талибански извори за Радио Машал и други пакистански медиуми на 31 јули објавија дека основачот на Хагани е мртов но подоцна тоа беше негирано.

XS
SM
MD
LG