Достапни линкови

Средба Кери-Лавров во Катар


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Катар ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот со министрите за надворешни работи на земјите од Арапскиот залив. Состанокот меѓу Кери и Лавров во главниот катарски град Доха всушност ќе биде трилатерален и на него ќе присуствува и саудискиот министер за надворешни работи Аден Бин Ахмед Ал-Џубеир. Главни теми на средбата се очекува да бидат Иран, Сирија и кризата во Украина. Лавров ќе се сретне и со претставници на катарската власт за да дискутира за билатералните односи и меѓународните напори за справување со борците од Исламска држава. Кери пак на првиот ден од неговата турнеја на Блискиот исток вчера го посети Каиро за да разговара за возобновување на американско-египетскиот стратегиски дијалог кој беше суспендиран во 2009 година поради политичките немири во Египет.

XS
SM
MD
LG