Достапни линкови

Се удави маж во Охридско Езеро


Удавен маж е пронајден синоќа околу 20 часот во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на комплексот „Парк “. Според полицијата,станува збор за Гоце И. (46) од кратовското село Живалево, којво 18:50 часот синоќа бил пријавен за исчезнат. Телото на давеникот од водата го извлекле екипи на Црвен крст. Извршениот увид на медицинска екипа покажал дека се работи за ненасилна смрт. Ова е втора жртваво Охридското Езеро оваа сезона. Пред неколку дена се удави лице во близина на туристичката населба Пештани, кое, според увидот, доживеало срцев удар во водата.

XS
SM
MD
LG