Достапни линкови

logo-print

Вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите


Гувернерот на американската држава Калифорнија прогласи вонредна состојба откако повеќе од 20 големи пожари избија во повеќе северни делови од државата. Гувернерот Џери Браун соопшти дека години долгата суша и екстремните температури создале услови пожарите да се шират. Околу 8000 илјади пожарникари се борат со огнот. Властите соопштија дека еден пожарникар загинал денеска во гасењето на пожар во североистичниот дел.
Според надлежните пожарот излегол од контрола северно од Сан Франциско и повеќе од 650 луѓе ги напуштиле своите домови.

XS
SM
MD
LG