Достапни линкови

Оланд:Се уште нема договор за компензација со Русија


Францускиот претседател Франсоа Оланд ги негираше тврдењата на Москва дека Франција се согласила да и плати компензација на Русија за откажувањето на продажбата на два воени брода Мистрал. Претходно вчера близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин рече дека е постигнат договор за компензација меѓу двете земји. Оланд пак на новинарите подоцна им изјави дека дискусијата е во тек и дека ќе донесе одлука во следните недели. Договорот беше тежок 1,3 милијарди долари. Доставата на двата воени брода беше стопирана од Париз во септември 2014 година како одговор на нелегалната руска анексија на Крим и поддршката на про-руските сепаратисти во источна Украина. Договорот кој беше склучен во 2011 година беше најголем воен купопродажен договор на Русија со земја-членка на НАТО. Според договорот првиот од бродовите требаше да биде доставен во Москва во 2014 година, а вториот во 2015 година. Франција беше изложена на силен јавен притисок од европските партнери и САД да се откаже од договорот.

XS
SM
MD
LG