Достапни линкови

Поранешни талибански водачи во ривалство со новоизбраниот


Поранешни талибански претставници велат дека новоизбраниот лидер на бунтовничката група се соочува со значајна опозиција внатре. Мула Абдул Манан Ниази, поранешен гувернер за провинциите Балкх и Херат вели дека новиот лидер Мула Актар Мансур бил избран од малку талибански претставници на состанокот на 30 јули. За Радио Слободен Авганистан тој вели дека моќните ривали работат на создавање на нов совет кој ќе го замени сегашниот. Меѓу ривалите е и моќниот командант Мула Абдул Ќајум Закир, поранашен затвореник во американскиот затвор Гвантанамо. Мула Ниази пак обвинува дека поделбите во групата настанале поради мировните разговори со авгаснистанската влада и соочувањето со конкуренцијата од Исламска држава која веќе продира во Авганистан.

XS
SM
MD
LG