Достапни линкови

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајна несреќа кај Гевгелија


Тројца српски државјани загинаа утрово во сообраќајна несреќа кај Гевгелија на пат кон Грција. Најверојатно се работи за мајка и нејзините две деца. Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово околу 7 часот на автопатот Демир Капија - Гевгелија се случиласообраќајна незгода во која автомобил „рено-меган“ со српски национални ознаки откако претходно удрил во заден дел од возило „фијат добло“ со гевгелиски регистерски ознаки излетал од патот и удрил во метален столб. На лице место починала Татјана П. (45). Децата, момче на возраст од 18 години (Н.П.) и девојче на возраст од 10 години, биле пренесени во медицинскиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите. Возачот на автомобилот Р.П (1961) е повреден и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Според полицијата, нема повредени патници во другото возило.

XS
SM
MD
LG