Достапни линкови

Лавров и Кери ќе се сретнат во Катар


Кремљ соопшти дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со неговиот американски и саудиски колега Џон Кери и Адел ал-Јубеир за време на дводневната посета на Катар која почнува утре. Лавров исто така планира да се сретне и со емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал-Тани и со катарскиот министер за надворешни работи Калид Ал-Атијах. Руското министерство соопшти дека разговорите ќе биле фокусирани на мировните процеси во Сирија, Јемен и Либија,меѓународната соработка против бунтовниците од Исламска држава и стабилноста во Персискиот залив. Кери пак пред една седмица рече дека ќе се сретне со Лавров во Катар не не објави кога.

XS
SM
MD
LG