Достапни линкови

Со концерти во септември до подолга туристичка сезона


Илустрација.
Илустрација.

Туристичките работници од Охрид велат дека треба да се размислува во иднина сите поголеми настани наместо на Илинден да се одржуваат во текот на останатите денови во август, па и на почетокот на септември, со цел да ѝ се даде шанса на туристичката сезона да трае подолго.

Викендов во Охрид се очекува шпицот на туристичката сезона, односно најголема посетеност досега. Во Охрид за први и втори август ќе се одржат голем број на настани. Предвидени се повеќе концерти, настапи на познати диџеи како и интересни содржини во рамките на фестивалот Охридско лето.

Ако сме добро организирани да ги растовариме сите тие случувања да не бидат во еден месец, туку да бидат во повеќе месеци и на тој начин ќе добиеме сите. Добро е тоа и треба да се направи бидејќи тоа е добар начин да се продолжи туристичката сезона во Охрид.
Никола Јанев, туристички работник од Охрид.

Но, како и секогаш по завршувањето на илинденските празници Охрид останува полупразен. Туристичките работници од Охрид велат дека треба да се размислува во иднина сите поголеми настани наместо на Илинден да се одржуваат во текот на останатите денови во август, па и на почетокот на септември, со цел да ѝ се даде шанса на туристичката сезона да трае подолго.

За тие концерти кои се одржуваат во Охрид, мора да ја растовариме сезоната со една убава класична сезона, а концертите да почнат од 1 до 15 септември. И тогаш сезоната во Охрид ќе биде прекрасна.
Љупчо Јузмески, туристички водич.

„Ако сме добро организирани да ги растовариме сите тие случувања да не бидат во еден месец, туку да бидат во повеќе месеци и на тој начин ќе добиеме сите. Добро е тоа и треба да се направи бидејќи тоа е добар начин да се продолжи туристичката сезона во Охрид. Покрај тоа и други начини и други манифестации треба да се направат. Јас долго време сум во туризмот, се сеќавам дека се одржуваа спортски манифестации, школски и студентски игри, но сето тоа беше направено во јули и август. Ова сега е добар начин тоа да се направи и во септември и пред почетокот на туристичката сезона во мај и јуни за да имаме подолга сезона во Охрид“, вели Никола Јанев, туристички работник од Охрид.

Љупчо Јузмески, туристички водич, како пример го посочува концертот на Лени Кравиц кој на Охрид му донесе многу гости пред неколку години.

„За тие концерти кои се одржуваат во Охрид, мора да ја растовариме сезоната со една убава класична сезона, а концертите да почнат од 1 до 15 септември. И тогаш сезоната во Охрид ќе биде прекрасна. Како репер ќе го дадам концертот на Лени Кравиц пред некоја година. Тогаш немаше место за турист во Охрид, дури спиеја и по автомобилите. Ја продолжи сезоната за петнаесет дена. Значи еден концерт на една ѕвезда како Лени Кравиц или балканските ѕвезди треба да бидат на крајот во август или на почетокот од септември. Тогаш сите ќе знаат дека концертот е во септември и специјално ќе дојдат за концертот“, вели Јузмески.

На овој начин сега сите случувања се пренатрупани бидејќи на три различни локации имаме три различни концерти на три големи ѕвезди од Балканот во Охрид“, вели Јузмески.

„На тој начин не можеме да одиме на трите концерти, мораме да одбереме еден, а вака ќе одиме на трите. Има многу збиднувања. На тој начин ги делиме луѓето. Илинден треба да го славиме како Илинден, а не како Цеца Величовиќ или Здравко Чочиќ, секоја чест за нив, но Илинден е македонски празник и тоа треба да го потенцираме“, рече Јузмески.

XS
SM
MD
LG