Достапни линкови

logo-print

Церар до Милановиќ: Арбитражата е единствено важна


Словенечкиот премиер Миро Церар денеска му одговори на Зоран Милановиќ на повикот да се сретнат и да го разгледаат изнесувањето на граничниот спор пред друга меѓународна правосудна институција, објаснувајќи му дека арбитражниот договор е единствената важечка основа. Како што соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, Церар на Милановиќ му одговорил дека тие ги отфрлаат аргументите на кои Загреб ја темели својата постапка и дека Словенија нема да се откаже од арбитражниот договор. Милановиќ во петокот го повика својот словенечки колега на состанок на кој ќе се разговара за изнесување на граничниот спор, како што наведе, пред одговорен меѓународен форум, откако Хрватска одлучи да излезе од арбитражаната постапка. Милановиќ во писмото до Церар предлага средбата да се одржи во Хрватска или во Словенија, имајќи ги предвид, како што наведе, важноста на вистинското партнерство и сојузинштво меѓу двете соседни држави во Европската унија и во НАТО.

XS
SM
MD
LG