Достапни линкови

Укинати препораките за ослободување од работa поради топлото време


Владата на Република Македонија донесе одлука за прекинување на препораките за ослободување од работни обврски, како и укинување на рестрикцијата на работно време за вршење градежни работи на отворено кои требаше да важат до 4 август. Министерството за здравство соопшти дека препораките се укинуваат поради најавата од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи дека во следните три дена ќе има намалување на температурите во цела држава. Надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и да преземаат мерки согласно временските услови.

XS
SM
MD
LG