Достапни линкови

Ирачките Курди повикаа на мирна разврска меѓу ПКК и Турција


Официјални лица од ирачкиот автономен курдистански регион погоден од турските воздушни напади на курдските радикални кампови во северен Ирак побараа од двете страни да го возобноват прекинот на огнот. При посетата на Вашингтон вчера шефот на надворешните односи на ирачкиот курдистански регион Фалах Мустава Бакир ја критикуваше Курдската работничка партија дека го напуштила кревкиот прекин на огнот со турските власти. Но тој исто така оцени дека турските воздушни напади не се соодветен одговор. Ние веруваме дека има и невоено решение на ваквиот тип проблеми. Најдобриот начин за одење напред се мирот и разговорите, оцени Бакир.

XS
SM
MD
LG