Достапни линкови

Почнува „10 дена Крушевска република“


Од денеска до 10 август во Крушево ќе се одржуваат 47. Научно-културни средби „10 дена Крушевска република“, со кои ќе се одбележат 112 години од Илинденското востание и 110 години од смртта на претседателот на Крушевската република - Никола Карев. Свеченото отворање на манифестацијата е вечер во 20.30 часот на платото на споменикот „Македониум“ на Гумење со голем народен собир и богата културно-уметничка програма. Ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и подигнат бајракот на столбот на Крушевската република. Претходно, во споменикот „Илинден“ во 19.30 часот, по повод 110 години од загинувањето на Никола Карев, ќе биде отворена изложба на документи насловена „Никола Карев - патешествие низ документи“ во организација на Историски музеј-Крушево. Годинава се враќа одржувањето научни трибини во програмата на средбите, па така, на 3 август во 11 часот во хотелот „Монтана палас“ ќе се одржи научна трибина „Илинден во историскиот континуитет и создавањето на македонската држава“ на која ќе учествуваат научници, пред се, од Институтот за национална историја и од историски музеј Крушево. Покровител на годинашното 47. издание на манифестација е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.До 10 август ќе има изложби, промоција на публикацијата „Крушево-градот на музеите-Првата Република, концерти и бројни други настани.

XS
SM
MD
LG