Достапни линкови

logo-print

Белата куќа: Смртта на Мула Омар-шанса за мир


Белата куќа вчера ја потврди смртта на авганистанскиот талибански лидер Мула Омар и оцени дека таа претсавувала шанса за поголем напредок на патот кон стабилен и безбеден Авганистан. Белата куќа побара од Талибанците да го следат повикот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани за помирување и да воспостават мир со авганистанката влада. Од таму велат и дека останува нејасна причината за смртта на талибанскиот лидер. Кабинетот на авганистанскиот претседател на 29 месецов објави дека Мула Омар починал во Карачи, Пакистан. Авганистанските безбедносни власти соопштија дека тој починал под мистериозни околоности. Ден подоцна Талибанците рекоа дека Омар умрел од неодредена болест.

XS
SM
MD
LG