Достапни линкови

logo-print

Основачот на групата Хагани е мртов една година


Хафиз Рашид - висок лидер на мрежата „Хагани“

Хафиз Рашид - висок лидер на мрежата „Хагани“

Пакистанските медиуми цитираат неименувани талибински извори како велат дека Џалалудин Хагани, основачот на милитантната мрежа Хагани, е мртов речиси една година. „Џалалудин Хагани починал од природна смрт и неше погребан во провинцијата Кост, Авганистан“, беше објавено денеска на интернет порталите. Талибанците поврзани со мрежата Хагани е исламистичка група која оперира од двете страни на авганистанско-пакистанската граница. Мрежата беше формирана од стран на Џалалудин Хагани за да се бори против советските трупи во Авганистан во 80-тите години. Моменталниот лидер на движењето, синот на Џалалудин, Сирајудин Хагани е еден од најбараните луѓе од страна на САД, кои за неговото апсење нудат 10 милиони долари

XS
SM
MD
LG