Достапни линкови

Украина го менува Уставот


Уставниот суд на Украина пресуди дека нацрт уставните измени кој ќе ја децентрализираат власта, не го прекршуваат Уставот на земјата. Заменик претседателот на Уставниот суд Васил Бранцев, денеска рече дека нацрт законот за уставните измени е во согласност со членовите 157 и 158 од украинскиот Устав и не е насочен против територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Бранцев исто така рече дека „карарактеристиките на локалната самоуправа во некои области во регионите Доњецк и Луганск ќе бидат дефинирани со посебенм закон.“ На 16 јули украинските пратеници гласаа за да ги пратат предлозите на украинскиот претседател Петро Порошенко на ревизија во Уставниот суд. Амандманите предвидуваат „посебен закон кој ќе ги регулира особеностите на локалната самоуправа“ во областите кои ги држат проруските сепаратисти во источна Украина поддржани од Русија.

XS
SM
MD
LG