Достапни линкови

logo-print

Франција ќе ја обесштети Русија за воените бродови Мистрал


Висок претставник од Кремљ соопшти дека Русија и Франција постигнале договор за надомест за два Мистрал воени бродови, кои Русија ги купила, но нема да ги добие. Француската Влада одбива да потврди дали е постигнат договор. Испораката на Мистрал носачите на хеликоптери беше суспендирана како одговор на руското нелегално анектирање на Крим и поради поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина. Договорот вреден 1,3 милијарди долари беше потпишан во 2011 година и требаше да биде најголемиот за породажба на оружје на Русија од страна на земја членка на НАТО. Рускиот весник Комерсант оваа недела објави дека Франција понудила раскинување на договорот и да врати околу 800 милиони долари предвидени земјата да може да напрви повторен извоз на бродовите.

XS
SM
MD
LG