Достапни линкови

На есен нови разговори за „Турски поток“


Турски поток.

Турски поток.

Рускиот претседател Владимир Путин на есен ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, да разговараат за изградбата на гасоводот „Турски поток“, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Најавата од Кремљ доаѓа откако турските медиуми синоќа објавија дека Анкара одлучила привремено да ги прекине преговорите со Русија за изградба на гасоводот, поради недостиг на напредок во преговарачкиот процес. Како една од причините беше наведено и тоа дека Москва не се согласува на намалување на цената на рускиот гас за Турција. Во меѓувреме, денеска Москва соопшти дека руската компанија за гас „Газпром“ и турската енергетска компанија „Боташ“ постигнале договор за намалување цената на рускиот гас за 10,25 проценти.

XS
SM
MD
LG