Достапни линкови

Путин обвинет за убиство на поранешен КГБ агент


Марина Литвиненко.

Марина Литвиненко.

Адвокатот на вдовицата на поранешниот агент на КГБ Александар Литвиненко, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин наредил Литвиненко да биде убиен и дека руските власти постојано ја попречувале истрагата за змртта. Говорејќи на последниот ден на сослушувањето во Лондонските кралски судови на правдата, адвокатот Бен Емерсон рече дека Литвиненко бил идентификуван како непријател од руската држава и дека требал да биде ликвидиран, бидејќи ќе откриел врски меѓу Путин и организиран криминал. Британската полиција обвини двајца Руси, Димитри Довтун и Андреј Луговои за извршување на убиството спонзорирано од елементи на Кремљ. Двајцата ја одбиваат вмешаноста и Москва одбива да ги екстрадира.

XS
SM
MD
LG