Достапни линкови

logo-print

Пекинг домакин на зимската Олимпијада во 2022 година


Пекинг е избран од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2022 година. Пекинг денеска го победи кандидатот финалист Алмати, Казахстан, на гласањето од страна на 85 делегати на ИОК, кои се собраа во Каула Лумпур, Малезија. Пекинг и Алмати пред две години ги понудија своите кандидатури за Олимписките игри во 2022 година. Но, останаа единствени кандидати откако четири европски градови, вклучително Осло и Стокхолм се повлекоа поради политички и финансиски причини. Денеска казахстанскиот премиер Карим Масимов го повика ИОК да направи „историска одлука“ и за прв пат да му ги додели игрите на централно азискиот град. Тој го опиша Алмати како град кој нуди вистински снег и планини со сите потребни објекти. Пекинг се спротивстави дека тој нуди искуство, сигурност и можност да се донесат зимските спортови на 300 милионски пазар. Кина истот така предложи изградба на брзи железнички пруги за да се намали времето за патување. ИОК денеска исто така ја избра Лозана од Швајцарија за домаќин на Младинскатазимска олимпијада во 2020 годинја.

XS
SM
MD
LG