Достапни линкови

Третманот на мигрантите во ЕУ


Мигрантите откако по неколкумесечна Голгота ќе стигнат до некоја земја на Европската унија се соочуваат со натамошни тешкотии. Дел од нив се спречени да одат до нивната крајна цел и завршуваат во диви кампови или во привремени прифатилишта за баратели на азиланти.

Стотици мигранти кампираат во метро станиците во Будимпешта откако ќе стигнат во Западна Европа во потрага по подобар живот.

Тие се меѓу илјадниците други кои бегаат од со војни и сиромаштија зафатените нивни татковини во Азија и Африка, преку Балканот.

Се проценува дека од почетокот на годинава досега во Унгарија влегле над 100 илјади мигранти.

Над 93 илјади од нив аплицирале за азил пред го продолжат нивниот пат до побогатите земји на запад.

Но, се верува дека во Унгарија имало уште илјадници други кои воопшто не се пријавиле и илегално се обидуваат да ја минат земјата.

Повеќето од мигрантите во Будимпешта пристигнуваат со возови од Белград.

Тие влегуваат во Србија од Македонија. Според некои податоци, тоа го прават околу илјада мигранти дневно.

Јас сум од Авганистан и заедно со пријателот дадовме 12 илјади долари на луѓе да не пренесат од Авганистан до Германија. Но, кога стигнавме во Унгарија не напуштија и сега не знаеме што да правиме.

Она што ја прави Унгарија атрактивна е што за разлика од соседните Хрватска и Романија кои исто така се членки на Европската унија, е и членка на Шенген зоната каде што границите се избришани.

„Јас сум од Авганистан и заедно со пријателот дадовме 12 илјади долари на луѓе да не пренесат од Авганистан до Германија. Но, кога стигнавме во Унгарија не напуштија и сега не знаеме што да правиме“.

вели Азим кој заедно со стотина други мигранти кампира на железничката станица во Будимпешта.

Тие се жалат дека таму немаат никакви услови и оти постојано се испрашувани од полицијата.

Повеќето мигранти брзаат да влезат во Унгарија која соопшти дека за еден месец ќе ја запечати границата со Србија со ограда која ќе биде висока четири метри а долга 175 километри.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека миграциската политика на Европската унија е нарушена и оти бранот на главно муслимански мигранти ќе има негативно влијание во неговата земја.

Со слична судбина како мигрантите во Унгарија се соочуваат и оние кои во француското пристаниште Кале се надеваат дека преку тунелот под Ла Манш ќе стигнат во Британија.

Околу три илјади мажи жени и деца чекаат во кампот кои самите го нарекуваат „Џунгла“.

Градот Кале деновиве стана фронтална линија на мигрантската криза во Европа во која луѓе, главно од Африка преку Медитеранот и Италија се во потрага по подобар живот.

Мигрантите главно илегално се качуваат на камиони во надеж дека преку тунелот ќе стигнат во Британија.

Деновиве нивниот број драстично се зголеми и само во една ноќ имало над две илјади обиди за минување на тунелот.

Дел од нив не успеваат, но како што велат, наскоро повторно ќе се обидат.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG