Достапни линкови

Во Сараево протести против новиот закон за труд


За денеска во Сараево се најавени протести против новиот закон за труд, како дел од реформите барани од Европската унија што вчера беше усвоен од парламентот на Босна и Херцеговина. Протести имаше и вчера, а по заканите дека демонстрантите ќе влезат во зградата на парламентот беа распоредени полициски сили. Според синдикалните организации, со новиот закон се намалуваат правата на работниците и им се овозможува на работодавачите полесно да отпуштаат од работа. Претседателот на Сојузот на самостојни синдикати на БиХ Исмет Бајрамовиќ рече дека по усвојувањето на законот ќе покрене процедура за одржување генерален штрајк.

XS
SM
MD
LG