Достапни линкови

Во Атина разговори меѓу Грција и странските кредитори


Претставници на кредиторите на Грција: Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд денеска ќе разговараат со членови на грчката влада за почеток на преговорите за третата програма за помош на Грција. Најавено е дека тие ќе се сретнат со грчките министри за финансии и за економија Еуклидис Цакалатос и Јоргос Статакис. Претходно неименуван претставник на ММФ изјави дека Фондот ќе им се приклучи на разговорите само ако Атина усвои сеопфатен план на реформи а Европската унија се согласи на отпишување на дел од грчкиот долг.

XS
SM
MD
LG