Достапни линкови

Продолжува работата околу специјалниот пратеник


Претставници на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино за надминување на кризата во Македонија денеска ги продолжуваат вчера започнатите разговори околу прашањето за специјален обвинител. Тој ќе работи на истрагата за наводите што произлегоа од содржината на прислушуваните разговори што ги објави СДСМ. Специјалниот обвинител треба да биде избран до 15 септември и ќе има целосна автономија во својата работа. Најавено е дека по денешниот состанок работната група заминува на одмор и оти разговорите ќе продолжат на 17 август.

XS
SM
MD
LG