Достапни линкови

Талибанците ја потврдија смртта на Мула Омар


Мула Мохамед Омар.

Мула Мохамед Омар.

Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид ја потврди смртта на талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар, во соопштение кое беше испратено за медиумите. Во него се вели дека „за време на 14 години џихад против САД, Мула Омар никогаш не го напуштил Авганистан, ниту да оди во Пакистан или во било која друга земја. Портпаролот на авганистанскиот Национален директорат за безбедност Абдул Хасиб Седики, за Радио Слободна Европа изјави дека Мула Омар умрел во болница во пакистанскиот град Карачи во април 2013 година, каде што бил третиран за неодредена болест. Во изјавата не се прецизира кога точно Мула Омар починал.

XS
SM
MD
LG